По повод средношколски арт фестивал „Ние сме најдобри“, кој ќе се одржи во сабота (15 декември, 2012 година) во Универзалната сала, во Зоолошката беа одржани две работилници за филм и фотографија со заинтересирани средношколци. Во работилниците учествуваа педесеттина ученици од повеќе средни училишта од Скопје.
Работилниците, кои беа организирани во Зоолошката градина, резултираа со повеќе од одлични видео клипови, презентации и уметнички фотографии.