Промовирана книгата „Сите наши кодоши“ од Зоран Пејковски

Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, издавач на книгата „Сите наши кодоши“ од авторот Зоран Пејковски, го промовираше најновото дело на новинарот и публист кој очекува наскоро да доживее и театарска претстава.

kniga book

На промотивниот настан во Битола, рецензентот Јордан Плевнеш посочи дека драмското дело на Пејковски е посветено на периодот од самиот крај на втората светска војна до осамостојувањето на Република Македонија.

– Навлегов во еден свет на едно брехтовско толкување на современите македонски состојби. Во драмското дело на Зоран Пејковски има една вивисекција на современата стварност во Македонија и на сета таа плејада на различни прислужници кои деноноќно работеле на разобличувањето на духовниот идентитет на Македонија. Јас сум приврзаник на еден антички принцип според кој уметноста му е должна на секој човек посебно, рече меѓудругото рецензентот Плевнеш на денешната промоција во Битола.

Според истражувањата на авторот Пејковски во Македонија имало околу 70.000 кодоши кои профитирале, заработувале и директно влијаеле врз судбината на многу чесни граѓани. Кодошлакот уништува животи на цели генерации семејства, посочи Пејковски.

– Инспирирацијата дојде од читањето на досиејата од комисијата за лустрација и се оствари идејата да напишам драмски текст. Барајќи интересна приказна во архивите и досиејата сакав да пронајдам нешто што ќе привлече внимание кај публиката бидејќи драматургијата подразбира напната сцена на која што ќе се случуваат сите дејствија. Сретнав многу документи и во плејадата кодоши излегоа и многу жртви, и ова е само дел од тие 35.000 досиеја што допрва треба да се отворат, создавани од 70.000 кодоши, истакна авторот Пејковски.

За книгата „За сите наши кодоши“ од новинарот и публицист Зоран Пејковски, пригодно обраќање имаше и битолскиот градоначалник Владимир Талески кој посочи дека ова дело ќе предизвика голема возбуда и наскоро во една од театарските куќи ќе биде претворено во сценска акција.

You May Also Like