Во рамките четириесетите „Мајски оперски вечери“ утре вечер (петок, 18 мај), со почеток во 20.00 часот на сцената на МОБ, ќе биде изведен светски познатиот класичен балет „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски.
Кореографијата е на Виктор Јаременко (Украина), сценографија на Андреј Злобин (Украина), костимографија на Гана Ипатиева (Украина). Со оркестарот, солистите и балетскиот ансамбл ќе диригира Најден Тодоров (Бугарија). Во улогата на Одета, Одилија ќе настапи солистката Јана Саленко од Украина, а во улогата на Принц Зигфрид ќе настапи Мариан Волтер од Германија, во улогата на Ротбартд солистот Дмитро Чеботар од Украина. Настапува целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ.
Класичниот балет „Лебедово езеро“ или љубовната приказна во која опишува вечната борба помеѓу доброто и злото, својата светска премиера ја доживува во 1877 година во Бољшој театар во Москва, Русија.