Изложба „Ранохристијанското ѕидно сликарство од Епископската базилика во Стоби“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (петок, 18 мај 2012 година) со почеток во 12:00 часот, во галеријата на Народната банка на Република Македонија ќе се обрати на отворањето на изложбата „Ранохристијанското ѕидно сликарство од Епископската базилика во Стоби“.

Изложбата е организирана од страна на Народната банка на Република Македонија и Националната установа Стоби, а е во рамките на одбележувањето на 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија, како и 18 мај – Светскиот ден на музеите.

Во галеријата на НБРМ ќе бидат изложени најстарите христијански фрески од Република Македонија –  фреските од Старата епископска базилика во Стоби, кои беа конзервирани во текот на 2010 и 2011 година во рамките на проектот финансиран од Амбасадорскитот фонд за заштита на културното наследство кој го доделува Американската амбасада.

Автори на изложбата која ќе  биде отворена за посети до 18 јуни се Силвана Блажевска, Тонка Митрова и Мишко Тутковски.

You May Also Like