По подолг период вон музичката сцена, Пука Козметика (едни од основачите на хип-хоп издавачка куќа Токсикологија мјузик), најавуваат свој нов албум.
Првиот сингл од албумот е насловен како „Од срце и душа“. За музиката на овој сингл се погрижи Диџеј Номадуз, а текстот е на Пука Козметика. Видео записот е изработен во студио Токсикологија „Подвижни слики“.
Покрај нив, во спотот ќе се појават девет ликови од три различни генерации. Тие претставуваат тројца маалски херои кои во текот на 90-тите снимаат прва рап песна на касета. Каде ќе ги одведе живтот погледнете го видеото.