Промоцијата на делото „Светата уметност на седум споменици во Скопје …“

„Асоцијацијата „Македонида“ и Францускиот институт во Скопје вечерва (среда, 27 јуни) во 19:00 часот во просториите на Институтот организираат промоција на делото „Светата уметност на седум споменици во Скопје и околината во периодот од 12-тиот до 19-тиот век“.

 

Делото зборува за најзначајните скопски споменици: црквата „Свети Пантелејмон“,црквата „Свети Никита“ во Бањани, црквата „Свети  Андреја“, Марковиот манастир, Мустафа-пашината џамија, Куршумли ан и црквата „Свети Спас“ во Скопје.

По првите две изданија на македонски и на англиски јазик, асоцијацијата „Македонида“ го издаде третото издание на водичот на француски јазик,благодарение на поддршката францускиот амбасадор Жан-Клод Шлумберже и Пол Фуришон кој работеше на преводот на текстови на француски јазик.

Текстовите ги напишаа: Елизабета Димитрова, Гордана Велкова и Венета Иљовска. Уредник на книгата е Панче Велков, Претседател на асоцијацијата „Македонида“.

 

You May Also Like