Обезбедени легитимации за автобуски превоз на лица со посебни потреби

Со цел да се помогне во остварувањето социјална грижа на лицата со посебни потреби, подобрување на нивното  движење во урбаната заедница и нивно олеснето вклучување во социјалните и во општетствени текови на животот, Град Скопје целосно ја реализира Програмата за повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето на Град Скопје, од лица со посебни потреби за 2013 година.

Град Скопје
Град Скопје

Во постапка за спроведување на Програмата беа поднесени 2274 барања од 36 организации, а утврдените критериуми ги исполнија 2243 лица и тоа 2085 за бесплатни легитимации и 158  за бесплатни легитимации со придружба.

Согласно со тоа се обезбедија и толку легитимации за повластен јавен автобуски превоз на лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесен инвалидитет, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалиди на трудот, инвалидски пензионери и воени инвалиди организирани во соодветните здруженија на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Вкупните средства потребни за реализирање на Програмата изнесуваат         31.218.504  денари.

You May Also Like