Промоција на „Писма“на Славица Гаџова во МКЦ

Денеска (петок, 28 септември, 2012 година) во Младинскиот културен центар (горно фоаје) во 20:00 часот ќе биде промовирана поетската збирка „Писма“  на Славица Гаџова.


„Писма“ е во издание на ПНВ Публикации, поделена е во четири циклуси, насловени „Југ-Север“, „Тело“, „Празнина“ и „Писма“.
Промотори  ќе бидат : Александра Јуруковска , Марина Мијаковска и Звонко Таневски.
Писмата ќе ги читаат поетите Ѓоко Здравески и Елена Пренџова, пропратени со музичка подлога на акустичната гитара на Владимир Ботев .

You May Also Like