Утре (среда, 26.12.2012) во 12:00 часот, во кино салата на НУ Музеј на современата уметност – Скопје ќе биде промовирана книгата – ликовно дело насловена „φ21°33′, λ41°21 – Кожата на прилепското поднебје“ од Петре Николоски.
Повод за создавање на ова повеќеслојно дело, што нуди една длабинска анализа на прилепскиот предел од сите можни научни и творечки погледи сo помош и соработка на личности што се емотивно или професионално поврзани со тоа поднебје, беа промените на урбаниот пејзаж на Прилеп, како и конфигурацијата на околните планини, шуми и пасишта по ридовите, забележани од авторот во 1998 година, при една од неговите посети.
Резултатот на првиот дел од оваа долгорочна мултимедијална соработка преку проектот „Амнезија“ поставен во Музејот на современата уметност во Скопје (јуни-август 2011 година) е повод за создавањето на оваа книга – ликовно дело.
Промотор на настанот е Корнелија Буклеска, уредник во Редакцијата за култура и уметност на радио Скопје.