Факултетот за ликовни уметности во Скопје, со традиционална новогодишна изложба „Мал формат графика и цртеж 2012“, која ќе се одржи на денес (среда, 26. 12. 2012) во 12:00 часот, во галеријата на ФЛУ (Сули ан), во Старата скопска чаршија.
Оваа изложба традиционално секоја година ја организира катедрата по графика при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, учество ќе земат студентите од додипломските и постдипломските студии.