Промовирана монографијата „Македонија и балканските војни“

По повод Денот на општината 3 – ти ноември, како дел од Програмата „Денови на општина Гази Баба“ во Хотел Континентал вчера (30 октомври) се одржа промоција на монографијата „Македонија и балканските војни,“ чиј автор е М-р Славчо Ковилоски. Издавањето на монографијата ја финансираше општина Гази Баба.

 

На промоцијата градоначалникот Тони Трајковски ги поздрави присутните, а потоа збор имаше промоторот на книгата Здравко Стојкоски, по кој се обрати и авторот М-р Славчо Ковилоски.

Пред многубројните посетители, беше проектиран и документарен филм, подготвен врз основа на монографијата.

You May Also Like