Филмот „Трето полувреме” на Дарко Митревски ќе биде македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, што ја доделува Американската академија за филмски науки и уметности.
Друштвото за филмски професионалци на Македонија, соопшти дека во конкуренција, покрај „Трето полувреме“, биле и филмовите „Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска во продукција на Систерс енд Брадр Митевски и „Скопје Ремикс” на група режисери во продукција на Ново македонско видео.
„Трето полувреме“ е во продукција на Кино око.
Кандидатурата на филмот „Балканот не е мртов” на Александар Поповски, исто така во продукција на Кино око, од технички причини навремено била повлечена.