Нови изненадувања на морското издание на ЕГЗИТ фестивал: Kiril Dzajkovski ft Tk Wonder, Klingland, Juan Atkins, BadCopy, darkwood dub ….
По одличната забава на ЕГЗИТ на Петроварадинската тврдина, публиката на фестивалот продолжува со големата ЕГЗИТ авантура и се сели на „Си Денс“ фестивалот кој ќе се одржи од 15. до 17. јули на една од најубавите плажи на Јадран, на плажата Јаз.
На овогодинешната главна бина на фестивалот покрај настапите на најголемите ѕвезди на светската музичка сцена, „Џамироквај“ (Jamiroquai), „Андерворлд“ (Underworld) и „Егземпл“ (EXAMPLE live), ве очекуваат концертите и на повеќе светски музички ѕвезди и регионални миленици на публиката. На „Си Денс“ доаѓаат КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ фт. ТК ВОНДЕР, „КЛИНГАНДЕ“, ХУАН АТКИНС, „БЕД КОПИ“, „ДАРКВУД ДАБ“, ЕДИ™, „АЈСБРН“, РАМБО АМАДЕУС, ТАРА МЕКДОНАЛД, „УРБАН&4“ и „ХУ СИ“!
Еден од најактуелните регионални изведувачи и еден од најпознатите електронски музичари од Балкан, Македонецот Кирил Џајковски, доаѓа на морското издание на ЕГЗИТ со харизматичната пејачка од С.А.Д., во состав КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ фт. ТК ВОНДЕР (KIRIL DJAIKOVSKI ft. TK Wonder). Кирил е познат по импресивната фузија на електронска и традиционална македонска музика, со изразити влијанија на ромски дувачки инструменти, а неговиот докажан талент гарантира дека на вториот ден, на 16. јули балканскиот пионер во електронската мзуика на сцената на „Си Денс“ фестивал ќе приреди вистинска екстаза и посебно воодушевување за публиката. Покрај него, на истиот ден британскиот диџеј, продуцент и радио водител, Еди Темпл-Морис ака ЕДИ™ (Eddy Temple-Morris aka EDDY ™) ќе и се придружи на програмата на „Си Денс“. Редовно настапува на рок, електро и инди кросовер вечерите ширум Велика Британија и Европа, а настапи и со „Д Продиџи“ и „Пендулум“ на нивните британски турнеи. Ним им се придружуваат и омилениот електро поп бенд на публиката „ЛОЛОБРИЏИДА“ (LOLLOBRIDGIDA), како и еден од највлијателите хардкор/реге состави во регионот, „АЈСБРН“ (EYESBURN).
Ден претходно, стартот на „Си Денс“ фестивал ќе донесе и нови изненадувања. Зад името „КЛИНГАНДЕ“ (KLINGANDE) се крие дваесетичетиригодишниот Французин Седрик чија фасцинација со шведската култура и јазик резултираше во едно од најактуелните нови имиња на електронската сцена! „Клинганде“ е основан пред само година ипол дена како дуо, а симпатиите на публиката веќе ги собра со хитот “Jubel” со над 40 милиони прегледувања на „јутјуб“, кој е единствен спој на хаус музика и саксафон. Дел од својата магија ќе ја подели со публиката на „Си Денс“ фестивалот во вторник, на 15 јули. Нему истиот ден ќе му се придружат и „светскиот мегацар“ РАМБО АМАДЕУС, добитниците на „Ем-ти-ви“ награда и најдобриот нов црногорски бенд „ХУ СИ“ (WHO SEE), како и конроверзното, немилосрдно, најпопуларно српско хип хоп трио, „БЕД КОПИ“ (BAD COPY).
За третиот ден на фестивалот закажан е настапот на техно магот, ХУАН АКТИНС (JUAN ATKINS)! Аткинс е диџеј и продуцент од Детроит, а покрај Дерик Меј и Кевин Саундерсон, член на славната „Белвил“ (Belleville) тројка, екипата која е директно задолжена за настанувањето на детроитското техно, додека пак самиот Аткинсон најверојатно е кумот и на поимот „техно“. Со повеќе од 20 изданија во текот на повеќе од 30 години кариера и небројни настапи во сите краишта на светот, Хуан Аткинс претставува поим на вистински диџеј во очите на сладокусците на електронската музика.
Неверојатниот вокал на денс музиката, ТАРА МЕКДОНАЛД (TARA MCDONALD), позната по своите хитови и соработки со Арманд Ван Хелден (“MyMyMy”), Аксвел (“Feel the Vibe”), Дејвид Гета (“Delirious”) и Афроџек (“Pandemonium”), се придружува во четврток, 17. јули на разиграната програма на „Си Денс“ фестивал! Истиот ден ќе настапи и харизматичниот хрватски уметник Дамир Урбан, кој настапува со составот „УРБАН&4“ (URBAN&4). На финалето на фестивалот нè очекува и настапот на славната група „ДАРКВУД ДАБ“ (DARKWOOD DUB)! Белградските рок алтернативци кои постојат како група уште од 1988 година ќе ги потсетат своите обожаватели зошто ги следат уште од нивниот прв албум „Парампарчад“.