Детски Зоо Фест во Зоолошката

Детскиот ЗОО Фест 2014 веќе седум саботи по ред се одржува во Зоолошката градина во Скопје …

zoo fest

Фестивалот кој е наменет за најмладите, како дел од својата програма вклучува забавна музичка програма со децата од Поточиња, учење на нови модерни танци со танцовиот клуб Сонриса и едукација за животните во едукативното катче на Се за роденден.

Како специјални гости на фестивалот, во изминатите негови изданија беа Панчо и Андреј ДНК, Симона Попоска и Дарко Илиевски. Гостин на утрешното издание на фестивалот ќе биде Влатко Лозаноски кој ќе изведе дел од своите хитови.

Заклучно оваа сабота, завршува првиот серијал на Детскиот ЗОО Фест 2014. Вториот серијал започнува во Септември и ќе трае се до средина на месец Октомври.

You May Also Like