Започнува филмскиот фестивал CINEDAYS

Вечерва, (четврток, 10.11. 2011 година) започнува десеттото јубилејното издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS.

Кино Милениум, со почеток во 20:00 со добитникот на Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, филмот „Во подобар свет“ на данската режисерка Сузан Биер, ве очекуваат.

За отворањето на фестивалот, преводот на Македонски јазик ќе биде вметнат директно на копијата на филмот, практика која се практикува за филмовите на редовен репертоар, и што значи квалитативен исчекор, а за бројните гости на фестивалот, како и за дипломатскиот кор во Македонија ќе имаме и превод на Англиски јазик.

На отворањето на фестивалот, на присутните ќе им се обратат Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и младата и надежна македонска актерка, Јелена Јованова.

Како што најави организаторот, за отварањето, за прв пат воопшто, со цел да им излеземе во пресрет на искрените вљубеници во европскиот филм, 250 билети се во продажба, за сметка на протоколот, кој е драстично намален поради горе наведените причини.

 

You May Also Like