Вечер во Домот на АРМ во Скопје со почеток во 19 часот ќе биде промовиран романот “Патувањето на Петар Келемен” на Александар Сашко Кукулев во издание на Книгоиздателство “Стерна” – Скопје.
Тематски посветен на настаните пред- за време и по атентатот врз српскиот монарх Александар Караѓорѓевиќ при неговата посета на Марсеј на 9 Октомври 1934 година. Романот “Патувањето на Петар Келемен” нуди возбудлива и драматична приказна која никого нема да го остави рамнодушен.
Со префинет стил на искусен раскажувач, авторот успева да ги долови најсуптилните моменти од трагичните животи на главните ликови, кои иако се движат по различни идеолошки патишта, успеваат да се сплотат во својата сопствена несреќа, шокирајќи го континентот кој и онака веќе беше во длабока подготовка на новата војна. Промотори на романот се Д-р Фердинанд Оџаков, Д-р Александар Стојчев и Д-р Оливер Андонов.