Македонците меѓу најдобрите стрип-цртачи

Како дел од активностите организирани во склоп на 10 Интернационален Салон на стрип „Велес 2012“( што ќе се одржи  следниот викенд), заврши и меѓународниот конкурс за стрип.

Оваа година на него земаа учество (рекордни досега )138 стрипови од 26 земји ,а за одбележување е и бројката од  53 автори-учесници од Македонија. Од пристигнатите стрипови стручна жири комисија,како најдобри, ги избра  следните стрипови и автори:

1 награда „Златен Стрип“ Стеван Субиќ,Србија

2 награда Марко Стојановиќ,Србија (сценарио),Марко Врандечиќ,(цртеж) и Дамјан Михаилов,Македонија (колор)

3 награда Марко Стојановиќ(сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза,Република Српска(цртеж),за стрип „КУЛА’

најдобро сценарио:Марко Стојановиќ,Србија,

специјална награда од организаторот –Стрип центар на Македонија -Велес за:
•Весна Ничевска Саравинова(цртеж) и Александар Стефанов(сценарио)
За стрипот„BREAK ON THROUGH“
•Вања Урукало Онирик ,Србија за стрипот„ВУЧЈИ СТИД“

Награда за уметнички израз:
Јоана Санецка (текст) и Силвиа Рестецка(цртеж) (обете од Полска) за стрипот „A FOREST“

Награда за дебитантски стрип :македонските автори Емилија Божиновска и Стојче Тоциновски  за стрипот „МАРКО КРАЛЕ И ТРИ НАРЕЧНИЦИ“

Беа доделени и награди за најдобар учесник, најмлад учесник, како и специјални признанија за соработка.

You May Also Like