Промоција на реставрираните филмови на браќата Манаки во Битола

Денеска (среда, 5 март) се одбележува 50 годишнината од смртта на Милтон Манаки. Дел од програмата за одбележување ќе биде изложба на реставрирани фотографии од браќата Манаки ( фоаје на ЦК Битола 19.00 часот ), каде ќе биде изложена и оригиналната камера 300 како и проекција на реставрираните филмови на браќата Манаки (голема сала, 19.30 часот).

braka_manaki

Настанот е во организација на Комуната на власите во соработка со Општина Битола, НУ Центар за култура Битола, Кинотека на Македонија, ИФФК ” Браќа Манаки “, Историски Архив на РМ и Македонскиот центар за фотографија.

You May Also Like