Апел за помош на Димитар Несторовски

Под мотото „Белата роза симбол на нашата држава, како надеж за подобро утре на една мајка“, денеска во 17 часот во Кинотеката на Македонија почнува хуманитарна акција за Димитар Несторовски.

proekt Hartija NGM NUB Kinoteka (21)

ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје почнува хуманитарна акција со цел да му помогне на својот ученик Димитар Несторовски. Ќе се одржи продажна изложба на дела, изработени и донирани од уметникот Живко Поповски-Цветин. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Димитар.

Несторовски боледува од прогресивна мускулна дистрофија-Дишен (Dustrophio musculorum progrsiva DMD). Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста со што би се спречилa нејзина натамошна прогресија, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 40.000 долари.

Сите граѓани можат да донираат средства на жиро-сметка на НЛБ Тутунска банка, трансакциска сметка 210700000613176, со цел на дознака Димитар Несторовски-за донација. Може да се донира и на телефонските броеви 077/143-704 и 075/143-666.

You May Also Like