Вечерва на сцената на МНТ (нов објект) со почеток во 20 часот, скопската публика ќе може да присустува на уште еден незаборавен концерт на маестро Зоран Џорлев.
… отпеано во боите на етно класиката, отсонувано во фолклорната нишка на музиката, почувствувано под прстите на Штраус и Бетовен на еден нов, модерен, македонски начин…
СТ Продукција има чест да го најави Концертот Виолина и Глас ,
Маестро Зоран Џорлев – виолина
Сузана Спасовска – вокал
Four Strings – гудачко трио
На концертот ќе се исполнат едни од најубавите македонски изворни песни во досега нечуени, несекојдневени аранжмански обработки кои ги подготви Сашо Ливрински.
Концертот ќе се одржи на 5-ти март, во Македонскиот народен театар ( нов објект ), со почеток во 20.00 часот.