Презентација на иновативни технологии во културата

Денес (вторник, 14 октомври), со почеток во 13.00 часот во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи презентација за примена на иновативни технологии во културата, насловена како „КулТИП – култура, технологии, иновации и претприемаштво“.

inovativna_tehnologija_za_Kulturata

На настанот ќе бидат претставени 6 проекти на претставници од културни институции и тимови кои предлагаат воведување дигиталните технологии  во работа на културните институции. Презентациите треба да поттикнат дискусија во врска со начините на кои новите технологии и иновации може да им помогнат на културните институции во нивното управување, заштита и презентација на културното наследство и развој на публика. Овој настан Британски совет го организира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од Скопје.

За настанот:
Со цел поттикнување на развојот на креативните индустрии во Република Македонија, Британски совет во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од Скопје организира избор на победничко КулТИП решение за примена на нови технологии во работата на културните институции во Македонија. Настанот на едно место треба да ги собере претставниците од културните институции и младите претприемачи, старт-ап компании и студенти кои се бават со развој на софтвер, мобилни апликации и дигитални медиуми. Овој настан има за цел да ги доближи технологијата, претприемништвото и културата до студентите по информатички науки и компјутерско инженерство, младите претприемачи, старт-ап компаниите и претставниците на културни институции во Македонија.

На настанот претставници на 6 културни институции и тимови од Македонија ќе презентираат проекти со кои внесуваат нови технологии во нивната работа преку 3 минутни презентации. Во нив ќе се обидат да дадат одговор на контекстот, потребата и конкретното решение за користење на дигитални и нови технологии во нивните институции. Овој настан нуди можност да се слушнат нови идеи кои може да бидат основа за партнерство меѓу културниот, образовниот и деловниот сектор. Настанот е отворен за сите оние кои работат во културните институции или со дигитални и нови технологии и се заинтересирани за можностите кои ги нуди синергијата меѓу овие два сектори. Тимовите се:

„Интерактивна виртуелна прошетка низ Природонаучен музеј на Македонија“ – НУ Природонаучен музеј Скопје;

„Музеј во акција“ – ЈУ Музеј на Град Скопје;

„Скопска музејска зона“ – Музеј на Македонската борба – Скопје и Археолошки музеј на Македонија;

“Веб базиран аудио плеер за стриминг на аудио книги“ – НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје;

„Xperience Capsule“ – iborn.net и

„Personimo“ – Personimo.

Промотивниот настан ќе трае од 13:00 до 15:00 часот. По презентациите и прогласувањето на победничкото решение следи неформален коктел на кој претставници од медиумите може да земат изјави и да разговараат со присутните на настанот.

You May Also Like