Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје организира бесплатна едукативна работилница за бременост со наслов „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“. Досега работилниците ги посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери.
Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во Четврток, 04.09.2014 год. со почеток од 18 часот.
Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
Работилницата е бесплатна, а сите заинтересирани треба само да се пријават со испраќање на Име и Презиме на bremenost.lulka@gmail.com или на телефонскиот број 078/377 – 791.