ПСМ Фондација организира промотивна конференција за проектот “Мрежа за поддршка на млади претприемачи”. Промоцијата е закажана за утре (11 септември 2014, четврток), со почеток од 12:00 часот, во Информативниот центар на ЕУ (EU InfoCentre).
Проектот “Мрежа за поддршка на млади претприемачи” е финансиран од Европската Унија и има за цел да ја креира првата национална мрежа на граѓански организации кои се фокусираат на младинско претприемништво. Мрежата ќе цели да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, како и да овозможи координација на иницијативите водени од граѓанските организации за поттикнување на младинско претприемништво. Мрежата претставува моќен механизам за координација и поврзување на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.
На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на проектот како и можностите за вклучување во мрежата.