Денеска караванот на Саеми за Вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, продолжува во Неготино.
Вториот Саем за Вработување, ќе се одржи денеска (петок(24 октомври), од 9 до 15 часот, во ОУ „Страшо Пинџур” во Неготино.
На истиот ќе се претстават 50 компании Со организација на Саемите за вработување, Агенција за Вработување на Република Македонија верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.
На саемот ќе се обрати Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија, г-динВлатко Поповски. Дополнително, во склоп на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички на истиот.