Како што наближуваaт новогодишните празници, децата нетрпеливо ги очекуваат своите подароци под елките,пишуваат писма и се стремат да бидат подобри од вообичаено. Не сите деца се однесуваат на овој начин. Секогаш ќе се најде некој голем батко или тетка, кој решил да ги „просветли“ малите и да им каже дека Дедо Мраз е измислица. Дали навистина е така?
Секој од нас го носи одговорот во себе. Макар и возрасни, забрзани и уморени од сивото секојдневие, ние ја чуваме магијата на божиќниот дух. За да одговориме на прашањето дали постои дедо мраз,решивме да објавиме еден од најпознатите редакторски текстови во историјата на печатениот медиум-одговорот на главниот редактор на весникот The Sun, Френсис Фарселус Чрч, до 8 годишната Вирџинија О`Ханлан.
Почитуван редакторе,
јас сум на 8 години. Некои од моите пријатели,велат дека Дедо Мраз не постои. Татко ми вели: Ако го видиш напишано во The Sun, значи постои.“ Ве молам кажете ми ја вистината, постои ли Дедо Мраз„?
Вирџинија О`Ханлан
Одговорот на Франсис е публикуван на 21 септември 1897 година и оттогаш оваа страница се претворила во најкопираната статија,која е изречена дури и во филм.
“Вирџинија, твоите пријатели грешат. Тие се под дејство на скептицизмот на возрасните. Не веруваат во ништо, освен ако не го видат. Сметаат дека она што неможат да си го обајснат со своите мали мозочиња,не постои. Сите умови, Вирџинија, независно дали се детски или возрасни, се мали. Во нашата огромна вселена,човекот е инсект, мравка по својот интелект,спореден со светот околу него.
Да Вирџинија, Дедо Мраз постои. Тој е реален точно како љубовта и благородноста а ти знаеш дека тие се насекаде и го исполнуваат твојот живот со радост и убавина. Колку мрачен би бил светот без дедо мраз. Ќе беше толку пуст и безличен, исто колку ако ја немаше Вирџинија. Тогаш немаше да постои детската верба, поезијата, романтиката, кои го прават подносливо нашето битисување. Ние немаше да знаеме да се радуваме на нештата,кои неможеме да ги видиме. Вечната светлина,со која детството го осветлува светот, би исгаснала.
Да не веруваш во дедо мраз! На ист начин можеш да не веруваш и во самовилите. Можеш да го замолиш татко ти да ангажира детективи кои будно би седеле цела новогодишна вечер, за да го фатат дедо мраз, но тие дури и да не го видат,тоа нема да докаже ништо. Никој не го видел дедо мраз,но тоа не е доказ,дека тој не постои. Нај-вистинските нешта се оние,кои ниту возрасните, ниту децата се во состојба да ги видат. Дали си ги видела некогаш самовилите да танцуваат? Никој не е во состојба да се замисли, дека сите чуда се невидиливи за светот.
Ти можеш да го скршиш бебешкото звонче и да видиш што е тоа внатре што ги создава звуците, но постои едно тркало кое го покрива невидливиот свет и кое, ниту најсилните луѓе што живееле некогаш неможеле да го скршат. Само вербата, поезијата, љубовта и роменатиката се во состојба да ја крената завесата и да ја видат онаа убавина и големина зад неа. Реално ли е сето тоа? Ах, Вирџинија, во цел свет нема ништо пореално и трајно.
Дедо мраз е жив и ќе живее вечно. И после илјада години, Вирџинија, не не…и после десет пати по дест илјади години, тој ќе продолжи да му носи радост на детското срце.
Припремил: Лазар Ѓорѓиевски