Промоција на монографија за Димитар Ќостаров

Факултетот за драмски уметности – Скопје утре (8 октомври, 2014 година, среда) во 12:00 ја организиара на промоцијата на книгата „Димитар Ќостаров – Реалистичка поетика и естетика на еден режисер“ од Ана Стојаноска.

dimitar_kostarov_monografija_korica

 

Наместо официјална промоција, стаува збор за несекојдневен театарски настан, на кој ќе настапат: Никола Ристановски, Јелена Лужина, потоа ќе бидат изведени фрагменти од една од најзначајните претстави на Македонскиот народен театар, а ќе проговорат и Лазар Секуловски и Ана Стојаноска.

Книгата е невообичаена монографија за работата на еден од основачите на Македонскиот народен театар – Скопје, првиот управник и директор на Драмата на МНТ, режисер, основоположник на македонскиот режисерски театар, педагог и едукатор. Во книгата се објавени досега непознати податоци за животот и работата на Димитар Ќостаров, со голем број на фотографии и респектабилен театрографски материјал. Книгата е објавена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

—————–
Д-р Ана Стојаноска (1977), театролог, доцент по предметите македонска драма и театра, историја на светска драма и театар, компаративна книжевност на факултетот за драмски уметности – Скопје. Пишува научни студии, раскази, поезија, драми. Едно време пишува и театарски критики во дневниот весник „Дневник“. Автор е на неколку книги, многу научни текстови, учесник на голем број домашни и меѓународни симпозиуми.

You May Also Like