Центарот за научни истражувања и промоција на културата HAEMUS, по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014 организира серија предавања од областа на археологијата.
Предавањата ќе се одржат на 30 октомври 2014 (четврток), во City Hall CENTER (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот.
Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство.
Сите посетители ќе имаат ретка можност на едно место да видат и чујат десеттина македонски археолози и со нив да дебатираат јавно.