Познати имињата на најдобрите на стрип-конкурсот во Велес

Стрип центарот на Македонија –Велес ги објави најдобрите стрипови од меѓународниот стрип конкурс којшто е дел од интернациоалниот стрип салон „Велес 2014“.

Thrue love_strip_konkurs_veles

Манифестација ќе сеодржи од 17 до 19 октомври во Ликовниот салон во Велес.

На споменатиот кокнкурс учество имаат земено стрип автори од сите континенти со вкупно 132 стрип дела.Според организаторите Ќе имаше и повеќе дела доколку авторите, со исклучок на сценаристите, не беа ограничени да пријават само по еден стрип, з разлика од други стрип фестивали кадешто се учествува со неограничен број на дела. Меѓу наградените има и македонски автори ,сосема заслужено, што е уште една потврда за постепениот развој на на македонскиот стрип.

Исто така многу радува податокот за континуираната појава на нови стрип имиња од македонската стрип сцена кои што заслужуваат поголема афирмација и внимание. Дел од нив ќе присуствуваат на годинешниот салон и ќе остварат контакти со присутните гости од други земји

1 награда
• Саша Арсениќ, Србија за стрип„PUT OD POZUTELOG PAPIRA“

2. награда ја делат
• Александар Стеванов ( македонија ) и Кирси Салонен ( Финска ) за стрип „Вистинска љубов“
• Марко Стојановиќ и Синиша Бановиќ ( Србија ) за стрип „Teret “

3. награда ја делат
o Виктор Шауер и Михаил Петруш ( Чешка ) за стрип „The smell of fear’

o награда Денис Војда и Себастиан Скробол ( Полска ) за стрип „Ghost kids“

Специјална награда од организаторот

• Предраг Ѓуриќ и Франческо Конте за стрип „Ashes to asshes“
• Ангела Пиацентини за стрип „Riding red ribbon“

Награда за сценарио

• Предраг Ѓуриќ,Србија
Награда за цртеж
• Јоана Младенова, Бугарија

Награда за најмлад учесник
• Марко Миладиновиќ, 7 гЛесковац, Србија за стрип BOLJE ISTA NEGO NISTA”
награда до 18 години
• Ања Тановиќ, Нови Сад, Србија

Посебна на града за учество како највозрасен учесник
• Богдан Николиќ, Скопје, Македонија

Специјални награди за соработка
• Училиште за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“ Лесковац,Србија
• Училиште за стрип ЦРна Гора
• Основно училиште Рајко Жинзифов“ с.Оризари, Велес
• Студио ТРЕМБЕЛАТ, Приштина,Косово
• Асоцијација КОМИКАДЗЕ , Софија, Бугарија

You May Also Like