Утре (четврток, 9 мај 2013 година) со почеток во 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе се одржи промоција на компакт дискот „Мали концерти со студентите од вокално-инструменталните оддели на ФМУ – Скопје“, снимен од студентите од одделот за сонологија со мултимедија, кој го водат проф. д-р Димитрије Бужаровски и доц. д-р Трена Јорданоска.
На програмата на дискот се дела од светската музичка култура, а ги изведуваат: Бојан Илковски – виолина, Давид Темелков – тенор, Сенад Усеин – труба, Иван Наумовски – баритон, Тони Арслан – виолина, придружувани од Дино Имери, Стефани Стефановска, Весна Тасевска и Елена Атанасовска-Ивановска на пијано, дуо пијаното Мимоза Ќека и Маја Божиновска и дувачкиот квинтет во состав: Анте Мустапиќ – прва труба, Сенат Усеин – втора труба, Сихана Јакупи – хорна, Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба.
Снимките ќе бидат поставени на страницата на ИРАМ-овотo интернет студентско радио и дигитално сочувани во Архивот Бужаровски.