Промоција на книгата „Санитарна енигма“ од Јасна Котеска во Софија и Благоевград

Денеска (вторник, 15 мај) во Клубот за култура и дебата „Црвената куќа“, издавачката куќа „KХ-Критицизам и хуманизам“ од Софија во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Бугарија, организираат промоција на бугарскиот превод на делото на Јасна Котеска.

Промотори на книгата „Санитарна енигма“ ќе бидат Проф. д-р Петар Горанов (редактор ), Станимир Панајотов (преводувач), Антоанета Колева (основач на издавачката куќа) и Васко Шутаров (директорот на македонскиот КИЦ во Софија).
На 17 мај Јасна Котеска ќе има своја промоција и дебата со студентите на Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград.

Стручната јавност во Бугарија ја најавува Котеска како голем македонски интелектуалец од европски формат, чија специјалност се литературната теорија,психоанализата на пост-модерната и современата родова проблематика. Јасна Котеска е професор на Филолошкиот факултет во Скопје и автор на повеќе дела: „Македонското женско писмо“ (2003), „Санитарната енигма“ (2006),  „Коминистичката интима“(2008).

You May Also Like