Хитот на летото на Клубот Матица „Последната пролет во Париз“ го започнува својот пат низ Македонија. Заедно со уште 1000 нови наслови, градот Битола ќе ја има честа да го доживее првиот ноќен книжевен перформанс.
Инспирирани од легендата за љубовната приказна помеѓу Мустафа и Елени, истиот ќе се одржи на Широк Сокак, под балконот од куќата на Елени Каринте. Настанот е замислен како спој на љубовната легенда од минатото со новите книќевни љубовни страници од сегашноста.
Настанот, покрај големиот избор на наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и за сечиј џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци како и кафе за секој посетител.
Настанот е закажан за четврток (10 јули) на Широк Сокак со почеток во 18:00 часот и ќе трае се до полноќ.