Денеска (10 јули, четврток) во 19:00 часот на на Плоштад Магнолија ќе биде отворена изложбата „Светски кулинарски креации во конзулска Битола“.
Здружението за едукација и кулинарство Се’ за храна Битола, во рамките на Битфест 2014, организира изложба на храна „Светски кулинарски креации во конзулска Битола“, која ќе се одржи на плоштадот Магнолија, на 10-ти Јули, 2014 година со почеток во 19 часот.
Здружението и онлајн медиумот Се’ за храна кој успешно функционира повеќе од две години, организираат и учествуваат на различни случувања и настани од промотивен и хуманитарен карактер, настани со креативни и едукативни поводи, различни работилници, обуки, семинари и слично. Во таа насока, оваа креативна изложба е една од многубројните активности на Здружението, која на присутните посетители ќе им овозможи единствена можност да погледнат голем број на светски кулинарски креации и декорации, изведени од тимот на Сѐ за храна, кои по завршувањето на изложбата ќе бидат отворени за дегустација од присутните посетители. Ова е второ учество и претставување на Сѐ за храна како дел од Битфест, а повеќе информации и фотографии од минатогодинашниот настан можете да погледнете на сајтот на Сѐ за храна .
Во исто време во Ботаничката градина во организација на здружението на граѓани Биосфера ќе се одржи настанот „Поезија на дланка“.