Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Моите веди“ од Вера Чејковска, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2014 година.
За наградената книга ќе зборува д-р Наташа Аврамовска а стихови ќе чита актерот Томе Витанов.
Промоцијата ќе се одржи на 8 октомври (среда) 2014 година во просториите на Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.
Вера Чејковска е македонски поет, есеист, доктор по физика и сеизмолог. Автор е на шест поетски книги. Со посебни избори е преведена на албански и англиски јазик а нејзините песни се преведувани уште на петнаесет јазици. Застапувана е во антологиски избори на македонската поезија. Ги добила наградите: „Млада струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“