Денеска (15 март, 2013 година, петок) во Општина Гази Баба, со почеток во 10:30 часот ќе се одржи промоција на книгата “Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните“ од Ташко Јованов и Жаклина Митевска, која претставува сведоштва за Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Промотор на книгата е претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров. Присутните ќе ги поздрави градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
На промоцијата ќе присуствуваат Македонци од Егејскиот дел на Македонија.