Денеска (петок, 15 март) во 11:00 часот во Клубот на новинари (Дуна клуб), Коалицијата на еколошки граѓански организации „Екологијата Приоритет” организира прес конференција по повод кампањата „Сакаме кул градоначалници за еколошки жешки точки“.
Во 13 општини во Македонија има 15 еколошки жешки точки каде опасни хемикалии со децении ги загадуваат воздухот, водата, почвата и локално произведената храна.
Стотици илјадници граѓани живеат во непосредна близина на овие локации. Ова се шести локални избори во земјава и нашиот став е дека е крајно време кандидатите за градоначалници во општините со најекстремно загадување да им кажат на граѓаните што мислат да направат во врска со тоа.
На прес конференцијата ќе се презентираат барањата на Коалицијата кон политичките партии и нивните кандидати, како и активностите насочени кон граѓаните кои живеат во општините со еколошки жешки точки.