Портрет на македонскиот алпинист Јован Попоски

На портретот специјални гости ќе бидат Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во Њујорк и Владимир Андреевски Пајо, кои заедно со Попоски беа дел од историската експедиција на Монт Еверест.

makedonski_alpinisti

На 29-ти Октомври (среда), со почеток во 12:00 часот, Универзитетот за аудиовизуелни уметности организира портрет на македонскиот алпинист Јован Попоски, по повод 50 годишнината од неговото прво искачување на Триглав во далечната 1964 година.

Во сите овие 5 децении Попоски учествуваше во македонските експедиции кои ги освоија најзначајните врвови на светот, како и во првото освојување на Монт Еверест, заедно со легендата на македонскиот алпинизам Димитар Илиевски Мурато, за што во рамките на церемонијата ќе биде прикажан и документарен филм.

На портретот специјални гости ќе бидат Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во Њујорк и Владимир Андреевски Пајо, кои заедно со Попоски беа дел од историската експедиција на Монт Еверест. Свое учество ќе земат Васил Тупуркоски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет и Игор Талески, Претседател на македонската алпинистичка федерација.

You May Also Like