Изложба на Атанас Ботев во Мала Станица

Стилски, делата на Ботев варираат, а тоа е резултат на неговата номадска природа да не се закотвува на едно место но генерално неговата визуелна поетика ја следи линијата на наративниот постмодернистичкиот дискурс.

atanas_botev_dezintegracii

Во среда (29 октомври) во 20:00 часот во Мала станица ќе биде отворена изложба на слики и цртежи од Атанас Ботев под наслов „Дезинтеграции“.

Стилски, делата варираат а тоа е резултат на неговата номадска природа да не се закотвува на едно место но генерално неговата визуелна поетика ја следи линијата на наративниот постмодернистичкиот дискурс.

Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

You May Also Like