Средба на македонските алпинисти во МКЦ

Планинскиот филмски фестивал „Ехо“, заедно со Македонската алпинистичка федерација организира настан преку кој ќе се презентираат дел од активностите на македонските алпинисти во текот на минатата година.Презентациите ќе се одржат во џебното кино на МКЦ  денеска ( 5 февруари, среда) со почеток во 19:00 часот.

makedonski_alpinisti

Дел од програмата ќе бидат следните презентации:
-„Алпинистичка балканијада во Демир Капија – 2013г“
Зоран Мајсторски (АК Плоча, Радовиш): Претставување на еден од најголемите алпинистички собири кој се одржа минатата година во Македонија од еден од главните организатори преку кратко видео и фотографии,

-„Метеори, Пуља, Базиликата“
Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Тања Пенева (АК 8, Скопје и АК Плоча, Радовиш): Искачувања во Грција и Јужна Италија на различни локалитети,
-„Вихрен, Северен Џендем и Езерски лед“
Зоран Мајсторски (АК Плоча, Радовиш): алпинистички искачувања во зимски услови во локалитети во Бугарија – мразеви и микс насоки,
-„Турно скијање во Вајоминг“ САД
Крунослав Аџиевски (АК Матка, Скопје): презентација на 3-неделна турно-ски активност во Тетоните САД, заедно со Бојан Митковски и други локални скијачи и алпинисти, претставување на начинот на практикување и размислување на оваа силна заедница и нивниот пристап кон снежните активности (лавинска опасност итн).

Покрај овие презентации, Македонската Алпинистичка Федерација ќе им додели и признанија на своите најуспешни членови од минатата година.

Ги покануваме сите вљубеници во планините и природата, на вечерна дружба со македонските алпинисти, кои преку нивните презентации ќе не’ однесат на различни локалитети во светот. Ова е исто така убава можност за секој кој е заинтересиран да почне да учи алпинизам, да се запознае со начинот на работа на клубовите и да добие информации за курсевите за почетници.

You May Also Like