Денеска (сабота, 26 јануари, 2013) во 12:00 часот во клубот Матица ќе биде промовиран романот „Врамување во пустелија” од современиот македонски писател Гоце Ристовски.
На средбата со читателите авторот ќе потпишува примероци од промовираното дело, инаку негов втор роман. Пред три години беше издаден „Сè е гола вода мој Ѓорѓија“, првиот роман на писателот Ристовски, кој е и признат публицист.