Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата „И строфите растат“ од Александар Кујунџиски, добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николевски“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2013 година.
Промоцијата ќе се одржи на 14 мај (среда) 2014 година со почеток во 12.00 часот. За наградената книга ќе зборува проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска делови од книгата на Кујунџиски ќе интерпретира актерот Томе Витанов.