Мирчо Матевски Рисимкин изложува вечерва во МКЦ

Вечерва (четврток, 20 февруари 2014 година), во галеријата на Младинскиот културен центар во 20:00 часот ќе се отвори изложба на слики со наслов “Патинирани цитати”, од академскиот сликар Мирчо Матевски Рисимкин.

Mircho Matevski Risimkin 2

На изложбата на Мирчо Матевски Рисимкин ќе бидат претставени 20 негови дела настанати во периодот 2009-2014 година, по неговото враќање од Австралија, каде живее и работи подолг период.

Тематиката опфатена во овие дела се базира на нашето културно-историско наследство, пред се, Византиското сликарско културно наследство, а тоа се фреските и иконите, но исто така и богатото народно творештво/писменост и традиција. Овие три елементи-категории, културното наследство, народното творештво и традицијата се важни и определувачки сегменти за секој народ и неговиот идентитет. Тие го прават различен или посебен, тоа што всушност е. Но, истовремено овие категории го спојуваат и со другите култури, цивилизации и ентитети и го прават дел од едно многу поголемо семејство.

Делата се работени во маслена техника на платно. Изложбата ќе ја отвори професор Д-р Иван Џепаровски.

________________

Mircho Matevski Risimkin 1

Мирчо Матевски Рисимкин е дел од првата генерација студенти на ФЛУ во Скопје, во класата на професор Кондовски, каде што се здобива и со магистерска тутула.

You May Also Like