Денеска (14 мај среда) во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Авторска вечер со Владимир Величковски, педагог, критичар, сликар, историчар и автор на филмови.
Авторската вечер со Величковски ќе зпочне во 20:00 часот. Настанот е замислен во неколку дела:
Изложбата:
22 принта (неврамени) на хартија со димензии
100х70 см.
22 врамени оригинални слики и цртежи (во
крејон,пастел и акрилни бои) според кои се
изработени принтовите. Делата,всушност
портретни ликови на познати музичари како
Боб Дилан, Леонард Коен, Лу Рид, Нил Јанг, Кит
Ричардс и Еми Вајнхаус се изработени спонтано
од видеоматеријали и се датирани, главно, во
2013 година, а некои во временски период меѓу
2010 и 2012 година.
Промоција на осмата книга “Критики и есеи“
објавени во последните три години во весниците
„Дневник“,„Нова Македонија“ и „Вест“. Книгата
се објавува по повод 40 години пишување
критика и текстови од историјата на современата
уметност.
ВИДЕОДЕЛА
1. Социјален перформанс „Портретот…“, март
2003, камера Венко Цветков, 4 мин.
2. Социјален перформанс 2 “Do Not Cross”, август
2006, Центар за визуелни уметности, 11 мин.
3. Видеото „Редизајн на слика, замисли
го танцот“ (камера Самир Карахасан) е
изработено во рамки на истоимениот проект
финансиран од Министерството за култура
на Република Македонија во 2013 година. 9
минути.
4. Видеото „Исчезнување“ (2014 година,
8,45 минути, камера Венко Цветков) е
инспирирано од комбинацијата на спомнатите
принтови и оригинални дела.
Промотори: Владимир Ангелов, Александар
Станковски – Рембрант и Александар Трајковски..
Во рамките на вечерта предвидена е и промоција на книга од Величковски.