Опаѓа потрошувачката на пиво во Германија

Германците минатата година испиле 94,6 милиони хектолитри пиво што е најмалку од обединувањето на двете германски држави во 1990 година.

pivo

Сојузниот завод за статистика соопшти дека потрошувачката на пиво во Германија постојано опаѓа од 2007 година.

Последен пат пораснала во 2006 година кога во Германија се одржа Светското првенство во фудбал.

Според оценката на Сојузот на германските пивари, причина за падот на потрошувачката на пиво во 2013 година, е тоа што по долгата и студена зима, следеше многу сончево и топло лето.

Но, како што се додава, германските пиварници и така мора да се навикнат на пад на прометот и да се прилагодат на тоа што бројот на жителите се намалува, а населението во Германија старее со што се менуваат и потрошувачките навики.

Минатата година за 2 отсто, на 4,2 милиони хектолитри се намалила потрошувачката на пијалоци кои се состојат од пиво и лимонада и други безалкохолни пијалоци.

Сојузниот завод за статистика не објавува одделни бројки за потрошувачката на пиво, но Сојузот на пивари соопшти дека потрошувачката на тој пијалок за разлика од нормалното пиво, е во постојан пораст.

Неговиот удел во вкупната потрошувачка на пиво во Германија во 2012 година пораснал на 4,3 отсто.

Германските пивари и понатаму најмногу пиво продаваат на домашниот пазар – 84 отсто од производството. Околу 10 милиони хектолитри (пад за 8,6 отсто) германско пиво е продадено во земјите на Европската унија.

Во земјите кои се надвор од Унијата продадени се 4,7 милиони хектолитри што е речиси 9 отсто повеќе од 2012 година. Германското пиво е најбарано во Кина и САД. Во Германија, според податоците на Сојузот, работат 1.300 пивари кои произведуваат 5.000 видови на пиво. Во продавниците гајба пиво со 20 шишиња од пола литар, зависно од марката, чини од 7 до 19 евра.

You May Also Like