Во домот на културата Иљо Антески – Смок во Тетово, вечер (вторник, 30 април 2013 година) во 19:30 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Приказната на големиот господар “. Автор е Небојша Стојаноски, а режијата е на Марко Богдановски.
„Приказната на големиот господар“ е претстава во којашто метафорички на саркастичен и на ироничен начин е претставено губењето на моралот, апсурдот, бруталноста, малограѓанштината, бескруполозноста, апатијата и оттуѓеноста во општеството.
извор: think.mk