Промоција на Зборникот „Книжевни дислокации“

Во понеделник, 24 декември 2012 година, во клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи промоција на зборникот трудови Literary dislocation/ Deplacement litteraires  во издание на Институтот за македонска литература.

 

Зборникот донесува шеесет и седум културолошки и книжевни прилози посветени на проблематиката на значењето на просторните координати во формирањето и трансформирањето на културните идентитети. Како локацијата сфатена во географска смисла ги добива понатамошните социолошки и културни специфики; како географското место влијае врз културната продукција и во тие рамки особено на книжевноста; како менувањата на просторите и границите се рефлектира врз книжевниот дискурс се прашањата врз кои се задржува вниманието на култорози и книжевни компаратисти од цела Европа.

Зборникот е резултат од IV. Меѓународен конгрес на европската мрежа за книжевни компаративни студии што се одржа од први до трети септември 2011 година, во Скопје и Охрид, во организација на Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и Европската мрежа за книжевни компаративни студии. За зборникот ќе говори проф.   д-р Иван Џепароски, а свое обраќање ќе има и директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ.

You May Also Like