Промоција на спомен-соба на Незлобински во Струга

Денеска (среда, 20 март 2013 година) во 12:00 часот во Музејот „Никола Незлобински“ во Струга ќе биде промовирана спомен-собата на Никола Незлобински.

Незлобински е познат руски хуманист и визионер чие дело нераскинливо е поврзано со Струга и со развојот на музеолошката дејност во Република Македонија.

Отворањето на постојаната музејска поставка е по повод одбележувањето на 85-годишнината од постоењето на оваа национална установа, а на свечениот чин ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

You May Also Like