Меѓународен филмски фестивал „ОДА“ во Тетово

Во Тетово од денес до петок ќе се одржи третото издание на меѓународниот филмски фестивал „ОДА“, кој е поддржан од факултетот за уметности од ДУТ, општина Тетово и Министерството за култура на Република Македонија …

Тетово
Тетово

Претседателот на „ОДА“ Сабедин Селмани на вчерашната прес- конференција посочи дека фестивалот има два дела и тоа натпреварувачки на кратки филмови и проекции на долкометражни филмови.

Во категоријата на кратки филмови има над 900 пријави од целиот свет, а стручното жири поради просторот и времето одбра 31 филм од 21 земја. Проекциите на овие филмови ќе се одржуваат во кино салата на факултетот за уметности.

Утре по свеченото отворање во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ ќе биде пркажан филмот „Херои“ од филмскиот фонд на Косово, во среда филмот „Ада“ од Албанија и во четврток филмот „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, сценарио на Дејан Дуковски додека во главна улога се појавува Никола Ристановски.

Влезот за сите проекции е слободен и според најавите на Селмани, се очекува за време на трите фестивалски денови покрај проекциите да има и промоции на книги, работилници со филмски актери и режисери, дебати и слично.

You May Also Like