Промоција на документарните видеа „Доајени“

Денеска (четврток 16 мај 2013 година) со почеток во 11:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе се одржи промоција на циклусот документарни видеа насловен „Доајени“, подготвен од студентите Владко Симоновски, Бобан Цветановски и Томе Спасовски од одделот за сонологија со мултимедија кој го водат доц. д-р Трена Јорданоска и проф. д-р Димитрије Бужаровски.

Документарните видеа се посветени на пијанистката, пијано педагогот, музичкиот аниматор и музичкиот публицист, Снежана Анастасова Чадиковска и на двајца долгогодишни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје, кларинетистот Иван Кочаров и пијанистката Евушка Трпкова Елезовиќ. Последното видео вклучува мал портрет на Коста Трпков, првиот професор по соло пеење на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност во Скопје.

You May Also Like