Отворање на „Архео Парк Бразда“

Денеска (21 мај 2013 година, вторник) на археолошкиот локалитет Градиште с.Бразда (Владетелската гробница) со почеток во 13:00 часот, Здружението Археологика организира свечено отварање на првиот археолошки парк во Македонија.

Проектот “Архео Парк Бразда” беше реализиран со поддршка на АД ЕЛЕМ од програмата за општествена одговорност.

На отварањето ќе се обратат :
Радомир Ивановиќ – Здружение “Археологика”
Горан Санев – Музеј на Македонија

Се очекува присуство на претставници од АД ЕЛЕМ, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Музеј на Македонија Музеј на град Скопје, Филозофскиот Факултет..

You May Also Like