Канческа-Милевска оствари средба со кореанскиот поет Ко Ун

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во просториите на Порта Македонија оствари работна средба со кореанскиот поет Ко Ун, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2014 година.

01 Struski veceri na poezijata Ko Un - 19 08 2014

 

Ко Ун е роден е во 1933 во градот Гунсан, во корејската провинција Чола, во време кога земјата била под окупација на Јапонија. Поетскиот опус му е огромен, напишал повеќе од кој било корејски поет. Издал 140 книги од кои 50 се книги поезија. Комплетното творештво објавено пред неколку години е собрано во 40 томови. Ален Гинзберг го опишал како „грандиозен поет, комбинација на будистичка маестралност, страстен политички либерал и историски натуралист“, а дека пезијата на Ко Ун ја отсликува корејската душа.

You May Also Like